Неколку години по ред бројот на патници кои ја користат услугата на меѓународниот аеродром во Тирана е во постојан раст.
– Ова го потврдуваат и најновите податоци објавени од Меѓународниот совет на аеродроми. Податоците од овој графикон покажуваат дека за периодот јануари-август 2024 година, во однос на истиот период од 2019 година, бројот на патници што го користеле аеродромот во Тирана е зголемен за 259,4 отсто. Албанија горда, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.
Минатата година регистрирани биле 7,5 милиони патници, а за годинава се очекува бројка повисока од 10 милиони. Како што наведува Рама само во јули имало над 1,2 милиони патници. 
Фото: Рама ФБ
Услугите на овој аеродром, од каде моментно може да се патува на повеќе од 100 дестинации, ги користат и се поголем број македонски, косовски и црногорски граѓани.
Според ранг листата на Меѓународниот совет на аеродроми овој во Тирана ги остава зад себе не само земјите од регионот со консолидиран туризам, туку и многу земји во Европа.
Хрватска забележала раст од само 18,2 отсто, Италија 14,7отсто Северна Македонија 19,6отсто и Србија 32отсто. Црна Гора претрпела намалување од 12,5отсто на бројот на патници преку аеродромот во Подгорица, додека Косово забележало значителен раст од 71,2 отсто.
Извор МИА
фото freepic






