Британците денес почнаа панично да купуваат бензин поради војната на Блискиот Исток, со долги редици на бензинските пумпи во Лондон и низ цела Велика Британија, бидејќи возачите брзаа да наполнат гориво пред очекуваниот скок на цените на горивата.
Бензиските пумпи во Бекенам, јужен Лондон привремено останаа без гориво, а многу возачи пристигнуваа со канистри за да се снабдат за подолг временски период.
Стравот од недостиг на гориво е забележлив и во други градови во Велика Британија, објавува „Дејли меил“.
Претставниците на британската автомобилска асоцијација АА ги повикаа возачите да не паничат и да не купуваат гориво во големи количини, но голем број граѓани го игнорираа овој апел. Вработените на бензинските пумпи во Велика Британија пријавуваат застој и хаотично снабдување.
Ситуацијата беше предизвикана од разгорувањето на конфликтите на Блискиот Исток, по што компаниите привремено го прекинаа транспортот на бродови преку Ормускиот теснец, кој е клучен пат за глобалниот транспорт на нафта и течен природен гас. Околу 20 проценти од светската нафта и 25 проценти од течниот гас минуваат низ оваа рута, а блокадата или прекинот на транспортот веднаш влијае на цените на енергетските производи.
Аналитичарите предупредуваат дека долгорочната блокада на Ормускиот теснец може да предизвика хаос на европскиот пазар на гас и да предизвика драстичен пораст на цените.
Експертите заклучуваат дека продолжувањето на конфликтот може да предизвика инфлаторни шокови, не само преку енергијата, туку и преку дистрибуцијата на стоките и трошоците за транспорт. Европските економии, особено оние што зависат од увоз на енергија, пренесува Б92.
Фото Економија и бизнис





