Големите синџири на супермаркети во Германија бараат неколку илјади работници кои би работеле на линиите за продавање на месо, сувомеснати производи и сирење. На сајтовите на двата најголеми трговски синџири за малопродажба се огласени осум илјади слободни работни места.
– Продавниците очајнички бараат месари и продавачи на специјализирани месни производи, изјави Филип Хенеркес, извршниот директор на Сојузното здружение на германските трговци со прехранбени производи (BVLH), пренесува ДПА.
Недостигот од овој кадар расте со години и претставува проблем за да се одржи статусот на супермаркети. Повеќето супермаркети се обидуваат да регрутираат приправници за продавање на месо од Германија и од други земји, посебно од Индија, пренесува Б92.
фото freepic






