Европската Унија планира привремено да ја суспендира ратификацијата на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави поради неизвесноста околу царините воведени од претседателот Доналд Трамп.
Главните политички групи во Европскиот парламент објавија дека ќе ја суспендираат работата за одобрување на договорот, откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави ја поништи одлуката на Трамп за примена на реципрочни царини низ целиот свет, објавува Блумберг.
По одлуката на судот, Трамп најави воведување глобална царина од 10 проценти, која потоа ја зголеми на 15 проценти, што предизвика неизвесност кај американските трговски партнери и дополнителни економски турбуленции.
Главниот преговарач на Европската народна партија (ЕПП) за договорот со Соединетите Американски Држави, Жељана Зовко, изјави дека Европската Унија нема друга опција освен да ја одложи ратификацијата додека не добие појасни информации за новите царини.
Покрај ЕПП, суспензијата на ратификацијата ќе ја поддржат и социјалистите и демократите, како и либералната група Ринју.
Претседателот на трговскиот комитет на ЕУ, Бернд Ланге, свика итен состанок за преиспитување на партнерството меѓу Европската Унија и Соединетите Американски Држави.
Трговскиот договор меѓу Брисел и Вашингтон, кој е постигнат минатото лето, предвидува царини од 15 проценти за поголемиот дел од европскиот извоз во Соединетите Американски Држави, како и дека американските стоки ќе влегуваат во Европската Унија без царини.
Според договорот, Соединетите Американски Држави одржуваат царини од 50 проценти за увоз на европски челик и алуминиум.
Европскиот парламент првично објави дека ќе го ратификува договорот во март, но сега целиот процес е дополнително одложен, пренесеува РТВ.
Фото Економија и бизнис







