Работењето од дома се уште опстојува во Европа и покрај постојаниот пад на бројот на работници на далечина, поради притисоците од компаниите да се вратат во канцеларија заради зголемување на продуктивноста и одржување на работната култура.
Работењето од дома е намалено за еден процент минатата година. Хибридното работење останува најчестиот работен аранжман (44 отсто) меѓу вработените во ЕУ на работни места кои можат да се вршат од далечина.
Во Холандија, Ирска, Финска и Германија, на повеќето работници им е дозволено целосно или делумно да работат од дома, со стапки кои се приближуваат или надминуваат 70 проценти.
Во Кипар, Грција, Хрватска, Португалија и Италија се меѓу најмалку флексибилните земји за работење од дома. Во Велика Британија меѓу декември 2024 и јануари 2025 година околу 41 отсто од возрасните работат од дома, барем повремено.
Мажите почесто работат од дома отколку жените.
Во речиси сите земји на ЕУ, мажите имаат поголема веројатност да работат делумно или целосно од дома во споредба со жените.
Кипар има најниска стапка и за мажи и за жени (25 и 22 проценти). Холандија има највисока стапка и за мажите и за жените (83 и 72 проценти).
Меѓутоа, повеќето вработени сакаат да ја задржат опцијата за работа од дома. Во спроведената анкета огромното мнозинство (74 проценти) од работниците во ЕУ изјавиле дека претпочитаат да работат од далечина барем неколку пати месечно, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic







