Во Истанбул, Турција, во организација на Business Elite Awards, во престижниот Ciragan Palace Kempinski на гала свеченост на Ненад Тортевски, Управувачки партнер во КРЕСТОН МАКЕДОНИЈА му e доделено признанието за најуспешен бизнис лидер под 40 години во Европа, “40 Under 40”. Со ова признание Тортевски се најде на листата на 40 највлијателни и најуспешни деловни лидери во Европа под 40 години.

“Оваа награда преставува огромна чест за мене и има големо значење, бидејќи претставува признание за напорната работа, посветеноста и страста што ги вложив во досегашното “патување“, но и поттик уште со поголем интензитет да продолжам кон нови цели и успешно да се носам со предизвиците, како во животот, така и во професијата.
Треба да се истакне дека не сме само добитници на оваа награда, туку истата не прави и амбасадори на промени, иновации и извонредност.
Преку нашите позиции и позитивното влијание можеме да бидеме инспирација за останатите млади луѓе и новите генерации, но и да возвратиме на заедницата преку создавање на додадена вредност која ќе ги надминува нашите индивидуални достигнувања.“ – изјави Ненад Тортевски, управувачки партнер во Крестон Македонија
КРЕСТОН МАКЕДОНИЈА е дел од KRESTON GLOBAL која е една од водечките ревизорски и консултантски мрежи во светот. КРЕСТОН МАКЕДОНИЈА покрај ревизорски услуги нуди и даночно и сметководствено советување како и други консултантски услуги.

За наградите Business Elite
Business Elite’s “40 Under 40“ е престижна награда која го препознава талентот и потенцијалот на најуспешните деловни лидери од светот на бизнисот. Настанот има за цел да обезбеди можности за проширување и раст на перспективните бизниси. Наградите Business Elite го слават и препознаваат уникатното, посветено и страсно лидерство на талентираните млади лидери ширум светот и им дава професионален поттик со цел да го зголемат нивното влијание.







