Намалувањето на каматните стаки од ФЕД предизвика раст на вредноста на акциите на технолошките компании. Nvidia i AMD остварија раст од 4% и од 6%. Micron ја зголеми вредноста за 2,2 отсто. Другите поголеми акции на технолошките компании Meta Platforms и Alphabet се искачија за 3,9% односно 1,5%.
Американската централна банка во средата ја намали каматната стапка во распон од 4,75% до 5 %. Ова е прво намалување на каматите на ФЕД во последните четири години. Ова предизвика одложено дејство на берзите во светот и на Волстрит, каде се забележани позитивен раст на вредноста на тргуваните акции.
S&P 500 скокна за 1,7% за еден од најдобрите денови од годината и го надмина својот последен рекорд во јули. Dow Jones Industrial Average скокна за 522 поени, или 1,3%, за да го надмине сопствениот рекорд поставен во понеделникот, а Nasdaq композитот го предводеше пазарот со скок од 2,5%, објави АП.
Акциите на Nvidia се зголемија за 4% и беше една од најсилните сили што го подигнаа S&P 500.
фото freepic




