Рокас: Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран со договори

Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската Унија. Не постои такво нешто кое би предвидувало во тие договори дека ќе може да предвиди за секоја успешна земја што ќе ги исполни условите за членството во ЕУ да го нема, на пример, правото на глас или, пак, да го нема правото на вето. За секоја промена треба да се согласат сите членки на Европската Унија – изјави евроамбасадорот Михалис Рокас при денешниот престој во Прилеп.

– Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската Унија. Всушност, не постои такво нешто кое би предвидувало во тие договори дека втората година ќе може да предвиди за секоја успешна земја што ќе ги исполни условите  за членството во ЕУ да го нема, на пример, правото на глас или, пак, да го нема правото на вето. Ако такво нешто се променим се разбира дека тоа тогаш би предвидувало промена на постојните договори на ЕУ, која, од друга страна, за да се променат тие договори, тоа би значело едногласност од сите членки на Унијата. Во моментов постои политичка дебата во ЕУ и во Регионот, тука, во врска со тоа за напорите на Европската Унија како, всушност, во таков случај како би ги третирало, ако има, 4-5-6 успешни земји кандидати и што би значело нивното примање во ЕУ, вели Рокас.

Истовремено, Европската Унија се обидува да даде итни одговори и на постојните светски предизвици. Така што, постои дебата во рамките на Европската Унија во сите области. Меѓутоа, за овој момент, договорите на ЕУ се такви какви што се и остануваат. Сега, голем и врвен приоритет за вашата земја е да продолжи со имплементација на реформите што, всушност, е јасен пат за имплементација на реформите за Република Северна Македонија, изјави Рокас, одговарајќи на новинарското прашање која е можноста да се остварат изјавите на премиерот Мицкоски дека е можно Западен Балкан и Украина да влезат во Европската Уника како некаква комбинација, но без право на глас.

На прашањето да го коментира случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, евроамбасадорот Рокас рече дека во принцип ЕУ не се меша во правосудните одлуки. Но, додаде, будно се следат измените во Кривичниот законик и најавата на новите 30-тина закони што потоа ќе се мониторираат.


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано