Србија минатата година го зголеми извозот на козметички производи за речиси 40 отсто во однос на 2022 година. Вкупната вредност на извозот лани изнесувал 80,3 милиони евра, а за последните пет години извозот на домашната козметичка индустрија изнесувал 278 милиони евра, изјави Бојан Станиќ, од Стопанската комора на Србија.
Србија извезува козметички производи во повеќе земји во светот: во Европската Унија, Русија, Швајцарија, Украина, Турција, Канада, Сингапур, Саудиска Арабија, Ирак, САД, Јапонија… Најважни извозни производи се шминките, производи за нега на кожа и коса и тоалетни сапуни, објави „Еуроњуз.ср“.
фото freepic







