Владата на Црна Гора ја донесе Предлог одлуката за утврдување на годишниот број на дозволи за привремен престој и работа на странци за наредната година во износ од 28 990 дозволи.
Од годишната квота се издвојуваат 5.000 дозволи кои надлежниот државен орган може дополнително да ги распореди за поединечни намени, во согласност со потребата на пазарот на труд.
– Од годишната квота 21 620 дозволи се издвојуваат за вработување на странци и 2 370 дозволи за сезонско вработување, се наведува во информацијата на Владата на Црна Гора.
Оваа одлука се применува од 1 јануари 2025 година, пренесуца РТЦГ.
фото freepic





