Индустриското производство во Европската Унија минатата година е намалено за 1,2 отсто во однос на 2022 година, соопшти Еуростат.
Статистичката агенција на ЕУ објави дека номиналниот износ на индустриското производство во ЕУ минатата година изнесува 5.992 милијарди евра.
Најголем раст во продажбата забележа автоиндустријата и тоа за 20 отсто, односно од 776 милијарди на 934 милијарди евра во 2023 година. Индустријата за машини и опрема забележа раст од осум отсто и достигна износ од 600 милијарди евра. Прехранбената индустрија во ЕУ забалежала раст од пет отсто и достигна вредност од 1.056 милијарди евра.
Вредноста на продажбата во хемиската индустрија е намалена за 15 отсто, пад забележа и индустријата на основни метали и метални прозиводи за осум отсто, како и производството на гуми и пластика за шест отсто, пренесе „Данас“.
фото freepic






