Аеродромот во Сиднеј оди во приватни раце

Акционерите на компанијата која е сопственик на меѓународниот аеродром во Сиднеј (Sydney Kingsford Smith Airport) го одобрија преземањето на нивната компанија вредно над 23 милијарди австралиски долари (или околу 17 милијарди американски долари) од страна на т.н. големи инвеститорите во инфраструктурата, иако во исто време многу од помалите инвеститори и акционери гласаа против продажбата на најголемиот и најфреквентен аеродром во Австралија. Купувањето се смета за долгорочна инвестиција од аспект на туристичкиот сектор кој е сериозно погоден од пандемијата ковид-19. Рекордно ниските каматни стапки ги поттикнуваат пензиските фондови и нивните инвестициски менаџери да „бркаат“ повисоки приноси, па оттука тие се ослободуваат од хартиите од вредност кои во моментов имаат многу пониски приноси. Аналитичарите во Австралија коментираат дека договорот за аеродромот во Сиднеј бил „фер и разумен“ за акционерите во време на значителна несигурност на приходите поради ковид-19 и претстојниот крај на неговиот монопол имајќи предвид дека новиот аеродромот Западен Сиднеј ќе се отвори во 2026 година. Домашниот сообраќај на аеродромот во Сиднеј падна за 74 % во 2021 година од нивото од 2019 година пред пандемијата, додека меѓународниот сообраќај достигна пад од рекордни 95,5 %.

Повеќе од истиот автор

Најчитано