Во соопштението доставено до Македонската берза, од банката известуваат дека со Решение на Гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија бр.15-24552/8 од 15.08.2024 година, издадена е претходна согласност за повторно именување на академик Владо Камбовски за независен член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, со нов мандат од 4 (четири) години сметано од 19 септември 2024 година.







