„Алкалоид“ донираше половна ИТ-опрема за здружението “Донирај копјутер“.
Како компанија која постојано вложува во заедницата, напорите на Алкалоид се насочени кон поддршка на образованието, заштита на животната средина и кон давање помош на оние на кои таа им е најпотребна. Преку различни донации компанијата се стреми да придонесе за подобро и посилно општество.
Во рамките на оваа донација „Алкалоид“ обезбеди:
• 52 лаптопи со додатоци (торбичка, глувче и слушалки)
• 29 десктоп-компјутери со додатоци (глувче, тастатура, камера и слушалки)
• 26 монитори
• 15 печатачи.
„Ние сме горди што сме дел од оваа важна иницијатива со која секој дониран компјутер може да донесе позитивна промена“, велат од Алклоид







