Преку соопштение доставено денеска до Македонската берза, Алкалоид го претстави предлогот за распределба на добивката од 2024 година.
Според предлогот се предвидува алоцирање на дел од нето-добивката на компанијата за дивиденда и за персонален данок, додека, пак, остатокот е за инвестиции. За распределба се предлага дел за дивиденда и персонален данок на личен доход во износ 901.752.390 денари.
Вака распределената нето-добивка овозможува на акционерите да им биде исплатена дивиденда од 630 денари бруто за една акција што претставува зголемување од 16,67% во однос на исплатената дивиденда за 2023 година на нето основа.
Остатокот од добивката во износ од 800.817.822 денари се предлага да се распредели за инвестиции како поддршка на производствените програми и бизнис потреби, а се со цел одржување на долгорочниот раст и јакнење на Компанијата.
Овој предлог се очекува да биде усвоен на годишното собрание на акционери кое е закажано на 01.04.2025 година.






