Вчеравечер во Тирана се одржа свечен настан организиран од страна на Стопанската и Индустриската Комора на Тирана (CCIT). Помеѓу бројните успешни компании од регионот, учесник на настанот беше и гостиварската фабриката за душеци АЛМЕРО. Тие беа прогласени за најуспешна компанија за производство на најквалитетните и најудобни душеци во регионот на С.Македонија, Албанија и Косово.


Кој е Алмеро?
Брендот Almero веќе 30 години го одржува препознатливиот дизајн и гарантиран квалитет за долготраен и удобен душек на кој ќе можете да имате мирен и здрав сон.
Almero Mattress е прв и единствен производствен погон во Република С. Македонија, кој е специјализиран само за производство на душеци, кревети, наддушеци и перници.






