Една од американските осигурителни компании денеска објави дека ќе плати 1,1 милијарди долари (1,65 милијарди евра) за штетите предизвикани од пожарите што во јануари ја зафатија Јужна Калифорнија.
Иако исплатата е доста висока, од компанијата велат дека успеале делумно да ги намалат загубите со повлекување од пазарот во Калифорнија, објави Си-Ен-Ен.
Околу 16.600 недвижни имоти биле зафатени од пожарите, а истражувачката компанија, која ги следи трошоците за катастрофи како што се пожари и урагани, проценува дека штетата може да чини помеѓу 35 и 45 милијарди долари.
Многу осигурителни компании во САД ги откажуваат полисите за сопствениците на куќи поради зголемената закана од шумски пожари во многу области на Калифорнија, пренесува „Политика“.
фото freepic







