АМЕРИКАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ИЗЛОЖЕНИ НА ФИНАНСИСКИ ИЗМАМИ ЗА НАД 100.000 ДОЛАРИ

Бројот на старите лица во Америка кои пријавиле дека изгубиле повеќе од 100.000 долари поради финансиски измами е зголемил за трипати од 2020 година, објави Федералната трговска комисија (ТФЦ).

Ваков тренд претставува сериозна и растечка закана за финансиската безбедност на старите лица, предупредуваат експертите.

Американската телевизија CNBC напоменува дека околу 4.600 возрасни лица со над 60 години во 2023 година пријавиле дека им се украдени парите во вредност над 100.000 долари, пренесува „Блиц“.

Губењето на финансиските заштеди претставуваат проблем за старите лица, затоа што тоа им се одразува и на нивниот квалитетен живот.

Американскиот Национален сојуз за стареење истакуваат дека измамниците и сајбер криминалците стануваат се поуспешни. Тие ги измамуваат своите жртви на неколку начини, со „прикажување на состојба на емоционална итност“, а притоа им оневозможуваат на старите лица да контактираат со други личности и ги принудуваат да плаќаат со картички, со испраќање на банкарски трасфери и со користење на биткоин банкомати.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано