Како до подобри услуги за жителите на општина Гостивар е една сеопфатна тема која тешко може да се сведе во неколку реченици.
За да се подобрат услугите како прво треба да се направи целосна професионализација на општинската администрација. Преку непосредна анкета со граѓаните со нивни предлози и идеи да се креира развојот на општината т.е спрема нивните потреби. Основна цел на локалната самоуправа е зголемување на приходите од локалните извори со цел градење на локални капацитети. Со ова во тие капацитети треба да се вработат млади луѓе и истовремено ќе се намали иселувањето на младите.
Потребно е и да се воведе едношалтерски систем со што ќе се постигне брз и квалитетен проток на информации и соодветна услуга на граѓаните.







