Не постои унифицирана формула за успешна локална самоуправа применлива во секоја општина. Секоја општина претставува географска и социолошка заедница на луѓе со заеднички потреби и специфики. Амбиент на добро организирана општина се препознава по одговорни власти и активни граѓани. Голем чекор направивме во раздолжувањето на општината и враќање на нејзината финансиска стабилност. Ги мапиравме приоритетите и реализираме инфраструктурни и капитални инвестиции за подобрување на квалитетот на живот. Во полето на транспарентноста бевме позиционирани на првото место во рамките на мерењето на индексот на отвореност на општините за 2020 година како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Како локална власт се соочуваме со големиот предизвик: зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот Регион согласно препораките на УНЕСКО. Само со искрени заложби и континуирана меѓуинституционална соработка можеме да ги решиме проблемите таложени со децении. Природното и културното наследство има универзална вредност, должни сме да го сочуваме за идните генерации.







