Антова: Идеите и предлозите кои произлегуваат од сите граѓани и граѓански здруженија се важен фактор при донесување на одлуки

Секоја општина може да има видливи развојни резултати доколку успешно соработува со граѓаните и граѓанските заедници, како и со чинителите на јавниот и деловниот живот во општината. Општина Кочани успешно ја остварува оваа соработка преку нејзината транспарентност и отвореност за соработка, преку организирање на средби и јавни расправи со сите нив.
Пред секое носење на буџет се организираат јавни расправи за негово креирање. Идеите и предлозите кои произлегуваат од сите граѓани и граѓански здруженија се важен фактор при донесување на одлуки и се многу значајни за локалната демократија.
Сведоци сме на имплементирање на многу капитални проекти, решавање на инфраструктурни проблеми, подобрување на условите за работа во многу институции итн. со што значително ќе се подобри животот на граѓаните во општината. Исто така во ова време на пандемија Советот на Општина Кочани често пати донесуваше конкретни одлуки за да им помогне на сите граѓани за полесно справување со пандемијата.
Можностите за развој во иднина, а со тоа и подобрување на животот на граѓаните на Општина Кочани се во искористување на природните ресурси (геотермална вода, развој на планински туризам). Меѓутоа, буџетот на општината сам по себе не е доволен за реализација на овие предизвици и затоа е потребно привлекување на средства од европските фондови.

Повеќе од истиот автор

Најчитано