Врз основа на моето мислење ги давам своите ставови за подобрување на состојбата во економијата и подобрување на социоекономскиот живот преку имплементација на стратешките планови на локалната самоуправа на Прилеп, а со и тоа ќе ѝ се даде значајна улога како партнер на општината кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во Прилеп преку: зголемено вработување на населението, претежно мора да се насочиме кон работната сила и лицата со стручно образование, да се подобрат условите за водење бизнис и инвестирање во работната сила − еден од приоритетите мора да биде иновативноста, пристапната комуникација, препорака е општината и јавната администрација, како и одговорните личности во јавниот и приватниот сектор да направат подобрена афирмација и отвореност кон општеството преку свои отворени шалтери, пристапни денови на отвореност за информации и давање услуги на граѓаните.







