Белгија планира револуционерен потфат во областа на обновливите извори на енергија преку изградба на вештачко енергетско острово.
Проектот под називот „Остров на принцезата Елизабета“ ќе има капацитет од 3,5 GW и ќе биде сместен во Северното Море, на околу 45 километри од белгискиот брег.
Финансирањето на првата фаза од овој проект е обезбедено по пат на „зелен кредитен аранжман“ во вредност од 650 милиони евра, потпишан меѓу белгискиот оператор ЕТБ и Европската централна банка.
Овој пионерски проект има за цел намалување на зависноста на Белгија од фосилни горива.
Ова енергетско острово ќе биде завршено до 2027 година и ќе има потенцијал за снабдување над три милиони домаќинства со електрична енергија, пренесува „Екапија“.
фото freepic





