БЕРЛИН И ПАРИЗ ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО ДНЕВEН БРЗ ВОЗ, патувањето меѓу двата главни града ќе трае осум часа

Берлин и Париз наскоро ќе бидат поврзани со нова дневна железничка линија. Патувањето ќе трае околу осум часа, а првиот воз ќе тргне во декември, објавиja од Германските железници (Дојче Бан).

– За прв пат два големи града ќе бидат поврзани со дневен брз воз, изјавиja Дојче Бан.

Директен ноќен воз сообраќа меѓу Берлин и Париз од крајот на минатата година, организиран од Австриските федерални железници (ÖBB).

Новата линија ја водат заеднички ДБ и француската железница SNCF.

DB и SNCF ги здружија силите во брзата железница во 2007 година, кога возовите ICE и TGV почнаа да сообраќаат од Париз до Франкфурт, Штутгарт и Минхен.

Дневната линија исто така оди од Франкфурт до Марсеј од 2012 година, додека дополнителна викенд врска со Бордо беше воведена минатата година, пренесува „Инвеститор.ме“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано