Според податоците на Заводот за статистика на Словенија, невработеноста во јуни паднала за 0,3 процентни поени на месечно ниво и сега се наоѓа на 10,8 проценти. На годишно ниво, тоа претставува пад од 1,2 процентни поени, а за првпат по 2010 година номиналниот број на невработени лица е паднат под психолошката граница од сто илјади. Ова се случува додека бројот на активното работоспособно население бележи номинален раст од 2 400 нови припадници на работната сила од вкупно 820 000, што претставува раст од 0,3 % на месечно ниво. Најголем раст на вработувањата е забележан кај преработувачкиот сектор, додека најголемо намалување во секторот образование. Просечната годишна стапка на невработеност во Словенија оваа година изнесува 11,8 %, што исто така претставува најниска стапка по 2010 година кога е забележан пад на само 10,6 %. Највисока стапка на невработеност Словенија забележа во 2014 година кога таа надмина 14 %, а најниска во 2009 година од само 6,3 %.







