Ваклинов: Многу важно е луѓето да разберат дека ние градиме индустрија што може да направи голема полза за луѓето и тоа не е дејност од сивата страна на законот

Инвестиравме во канабис индустријата бидејќи веруваме дека тоа е индустрија со сериозна можност за раст и развој. Во исто време нашиот инвеститор е човек кој ги следи и секогаш е заинтересиран за нови иновативни бизниси и воведување на иноваторски бизнис-модели во традиционалните бизниси. Така инвестирањето во канабис индустријата дојде како логично решение за наш следен чекор во бизнисот. Тоа е иновативна индустрија со потенцијал за корист во многу аспекти на животот на луѓето, од докажаната здравствена корист за голем број на заболувања, преку козметиката и различен начин на живот, па сè до користењето на канабисот како средство за рекреативна употреба. Освен тоа, во светски рамки во моментов се спроведуваат многу научни испитувања за сите видови канабиноиди и нивното влијание врз човекот така што се надеваме дека науката ќе докаже уште повеќе можности за корист на пациентите и на корисниците во иднина, што ја оправдува нашата инвестиција.


Голем проблем на Северна Македонија е законската регулатива за оваа индустрија или поточно немањето на таква регулатива во целост. Од кога е донесен Законот за одгледување и производство на фармацевтски форми од канабис од 2016 година − ништо се нема променето. Изградени се големи проекти од сериозни инвеститори од целиот свет, но актуелната законска рамка не дозволува развој со полн потенцијал. Од недостаток на законска регулација за определени продукти и како да се извезат во Европа, дури и кога не содржат психотропни канабиноиди, до вработување на задолжителни образовни профили на квалификувани кадри кои се неопходни за добивање лиценци за ваков вид на производство − се слаби страни кои реално го кочат развојот на канабис индустријата и привлекувањето на повеќе инвестиции заради многу побрз развој.
Многу важно е чисто практично да има спроведување на законот и јасни правила, а не постојано да има различни толкувања од службеници од едно или друго министерство.
Освен тоа, многу важно е луѓето да разберат дека ние градиме индустрија што може да направи голема полза за луѓето и тоа не е дејност од сивата страна на законот.


Тетра-Хип ДОО

– ул. „Оризова“ бр. 9 Кочани
– Американска инвестиција
– Број на вработени: 28
– Планирани вработувања: 55
– Висина на планирана инвестиција: 20 000 000 американски долари


Повеќе од истиот автор

Најчитано