Работејќи цели 30 години во овој бизнис, имав можност суштински да ги разберам здравствените придобивки од канабисот. Навистина верувам дека медицинскиот канабис ќе го промени светот, а ние, се разбира, сакаме да учествуваме во таа промена. Некако природно дојде како следен чекор во мојата кариера одгледувањето канабис, правејќи го достапен за оние на кои им е потребен. Се обидуваме да дадеме свој придонес во изградбата на стандардите во рамките на одгледувањето медицински канабис, да ги дефинираме најдобрите практики и да ѝ го покажеме патот на следната генерација, особено кога станува збор за одгледување во затворени простории во висококонтролирана средина. Овој процес е предизвик, но без разлика, ние се чувствуваме сигурни и удобни во дадената позиција.

Индустријата за медицински канабис е релативно млада кое, само по себе, носи извесни предизвици кои евентуално ќе мораме и да ги надминеме. Еден од најголемите проблеми во моментов е непознавањето на здравствените придобивки од канабисот, како и стигмата за самото растение. Би сакале да имаме удел во неговата демистификација, како и во намалување на стереотипизирањето на луѓето кои го користат. Канабисот не е дрога, туку лек, и тоа најдобро го разбираат пациентите кои имаат потреба од него. Искрено верувам дека ќе биде потребно да се вложи повеќе време и енергија во едукација како на медицинскиот персонал, така и на пациентите со цел подобро да се запознаат со докажаните медицински придобивки од канабисот и канабиноидите. Ова сигурно ќе биде поттик медицинските производи од канабис да бидат почесто издавани со што ќе се олесни достапноста и истовремено ќе придонесе за развој на целата индустрија.
Кога станува збор за Недкан (Nedcann) убеден сум дека можеме да понудиме производ од медицински канабис со највисок квалитет. Имаме темелно познавање на процесот на одгледување специфични канабис соеви кои во потполност одговараат на конкретни потреби и дијагнози на пациентите. Нашата главна цел засега е да развиеме совршен метод на одгледување медицински канабис во затворени простории во целосно контролирана средина, како и да обезбедиме доследност во фармацевтскиот степен на квалитет. Со други зборови, нашата цел е да можеме да им обезбедиме најчист, најбезбеден и најадекватен медицински производ од канабис на пациентите во светот.
– локација – град / општина – Охрид
– година на почеток на активностите – 2019
– финансиски резултати по години (вкупни приходи, извоз, нето добивка) – никакви приходи досега,
– број на вработени по години (состојба на крај на година) 2020 – 11; 2021 – 29; Моментално – 42






