Во Велика Британија во јуни годинава биле инсталирани 930.000 полначи за електрични возила (ЕВ), но поголемиот број од нив се инсталирани во домовите и во деловните простори, а за јавна употреба се достапни 65.000 полначи. На секој 25 минути во Велика Британија се инсталираат по еден нов полнач за ЕВ.
– Многу возачи се воздржуваат да преминат на користење на електричен автомобил поради стравот дека нема да имаат доволно слободни полначи, но тоа однесување не е оправдано, изјави Вики Рид, извршната директорка во здружението ЧарџУК.
Британскиот сектор кој е задолжен за поставување на полначи за ЕВ станува главен фактор за ширењето на зелената економија во земјата и обезбедува инфраструктура која ги задоволува потребите на милион возачи на електрични автомобили. На патиштата во Велика Британија се движат 1,1 милион електрични автомобили, вклучително и на 167.000 возила кои се продадени во првата половина од годината. Учеството на продадените ЕВ во вкупната продажба на автомобили во ВБ изнесува 16,6 отсто, пренесува „Гардијан“.
фото freepic







