Во Делчево се одржа првиот состанок на Советот на интелектуалци

Во Делчево се одржа првиот состанок на Советот на интелектуалци. На состанокот, кој во иднина се планира да биде традиционално одржан на празникот Водици, присуствуваа делчевци од различни професионални сфери, а присутни беа и локалните власти.

Градоначалникот Иван Гоцевски, кој беше домаќин на состанокот, истакна дека целта на средбата е да се покаже човечкиот и професионалниот капацитет на Делчево и желбата за развој на општината.

Разговаравме речиси два часа за тоа колку Делчево е убаво место за живеење и колку може да биде уште поубаво. Денеска сакаме да покажеме дека имаме волја и знаење да го развиеме Делчево. Овде беа присутни професори, лекари, стопанственици, новинари и поранешни градоначалници. Уште повеќе делчевци ќе ги откриеме и ќе ги вклучиме во развојот на нашата општина. Ги прифаќаме сите со отворени раце и со искрена желба заедно да го направиме Делчево посакувано место за живеење, изјави Гоцевски.

Професорот Александар Атанасов додаде дека е важно донесените одлуки и препораки од советите и комисиите да се спроведуваат на дело и да се обезбедат конкретни финансиски средства.

-Ако треба, Општината точно испраќа финансии за клучни проекти, како што се подобрување на образованието и инфраструктурата. Не треба да оставиме ниту еден проблем за општината секоја година, бидејќи секоја иницијатива е значајна за развојот на Делчево, истакна Атанасов.

Гоцевски и Атанасов во своите изјави ја потенцираат потребата од системски развој, финансиска поддршка и активна соработка меѓу локалната и централната власт, како и значењето на вклучувањето на сите делчевци кои можат да дадат свој придонес за развојот на општината.


Извор/фото МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано