Mногу млади луѓе кои се јавуваат на пазарот на трудот во земјите од Европската Унија не работат во областите што ги студирале.
Во Европската Унија просекот на млади високообразовани луѓе до 34 години кои работат на работни места надвор од нивната област на студии изнесува 32 отсто. Најголем удел на млади луѓе кои не работат во својата професија има во Данска со 44 проценти, по што следат Холандија и Естонија (и двете по 39 отсто), Италија со 37 отсто и Шпанија со 37 отсто.
Во Бугарија просекот е 30 отсто, Австрија 26, Германија 25 отсто, Хрватска 23 отсто и Словенија со 18 отсто.
Најнизок удел на млади луѓе кои не работат во својата професија има во Унгарија (14 отсто), пренесува Пословни дневник.
Фото Економија и бизнис





