Во Египет со Лабранда Травел

Лабранда Травел е туристичка агенција со седиште во ТЦ Бисер / 1 кат, населба Аеродром, Скопје. Основана е во Јануари 2023 година, а лиценцирана во Февруари 2023 година преку Министерството за економија. Основач и сопственик е Васка Маневска, лице со 17 годишно работно искуство во ИТ, љубител на патувања со посетени околу 30 држави ширум светот. Во екот на летната туристичка сезона поразговаравме со неа за нивните понуди за оваа лето, како и за тоа зошто токму Египет е нивниот приоритет.


Зошто после 17 годишно работно искуство одлучивте да прејдете од ИТ сектор во секторот туризам?

В. Маневска: Многу долги години бев во ИТ, ми требаше промена. Во туризмот направив спој помеѓу желбата за патувања и големото искуство во маркетингот, љубовта кон Египет и сите убавини во него.

Во вашата понуда имате повеќе дестинации, како што се Тунис, Анталија, Бодрум и Кипар. Но зошто токму Египет е вашиот приоритет?

В. Маневска: Египет е магичен, од крајност во крајност, или те освојува и ќе го посетуваш често или нема да сакаш да отидеш повеќе од еднаш. Ова второво се покажа дека е резултат на погрешно избрани хотели. Затоа целта на Лабранда е да го подигне нивото на летување, посебно во Египет. Постојат лица кои патуваат и по 3-4 пати годишно во Египет. Постојат и лица кои цело лето го поминуваат во Египет. Египет навистина има што да понуди и пред се е за адреналински одмор. Водниот свет во Египет е совршенство, морето исто. Секаде на летување е убаво, но во Египет е најубаво. Посета на пирамидите, Каиро, Луксор, Дендера, Ел Гоуна – Египетска Венеција, многубројните острови (Египетски Малдиви), возење сафари во пустина, пливање со делфини, летање со падобран, летање со балони, нуркање со боци, излет во подморници, и многу други активности за цени многу поевтини споредено со скоро сите други светски атрактивни дестинации. Но можете да си одберете и фантастичен хотел и само во него да си го поминете одморот релакрсирано. Египет навистина има врвни хотели.

Какви типови на хотели има Лабранда во својата понуда?

В. Маневска: Имаме неколку групирања на хотелите: само за возрасни, хотели со журки, хотели со ultra all inclusive, хотели за со мали дечиња, хотели за со поголеми деца – со тобогани, базени, хотели во центарот на Хургада, хотели со најголеми плажи… се обидуваме на сите клиенти да им го понудиме токму она што го очекуваат од одморот. Имаме и ексклузивни хотели, имаме и нови нови хотели, едни од најубавите.

Дел од вашите патници веќе се вратија од својот одмор. Дали имате некаков фидбек за нивните впечатоци?

В. Маневска: Засега сите патници кои веќе се вратија од Хургада се задоволни. Тоа за нас е голем успех. Се надеваме дека така ќе остане. Имаме патници студенти, брачни парови, големи друштва, семејства, баба, дедо и внуци, сите таргет групи ни се опфатени. Тоа е добар старт, а добар старт е и тоа што веќе не познаваат од страната Египет инфо Македонија – скоро две години ја ажуриравме, и многу патници ни доверија да им го организираме годинешниот одмор во Египет. Исто имаме и многу голема поддршка од лични пријатели, познати лица – беа во Хургада, раскажуваат за нас, задоволни се.

За стартна компанија исто така е многу битно и со кого ќе се соработува – внимателно бирав бидејќи испраќаме и мали деца, битно е да не доцнат авионите, битно е трансферите во Хургада да се со исправни, чисти и климатизирани превозни средства, битно е да имаме ажурни водичи за време на целиот престој на нашите патници додека се на одмор. Компанијата со која соработуваме е врвна и засега соработката е на високо ниво.

Кои се дополнителните придобивки што ги добиваат патниците кои ќе се одлучат да патуваат токму со Лабранда?

В. Маневска: Како што веќе споменав, Лабранда се стреми кон квалитет – тоа значи дека детално се разговара со секој потенцијален клиент пред да изврши уплата за одмор. Овозможуваме плаќање преку електронско банкарство и во банка, така да клиентите од другите градови немаат дополнителни трошоци, не треба да доаѓаат во Скопје. На секој патник електронски му доставуваме брошура со информации и препораки за летување во Египет, со инфо за битни информации кои е добро да се знаат пред лет. На наше големо задоволство – Лабранда има клиенти од цела Македонија, од Италија, Швајцарија, Англија, УСА и Австралија….

За 4 месечно постоење имаме над 100 патници (најголем број за Египет) и тоа е навистина добра бројка за стартна компанија. Нудиме повеќе дестинации, како што се Тунис, Анталија, Бодрум и Кипар но приоритет ни е и ќе остане Египет. Нашата цел е да сме препознатливи за Египет.

Дали како стартна компанија и компанија основана од жена менаџер добивте некаква финансиска поддршка од државата?

В. Маневска: Засега немаме добиено никаква поддршка самоиницијативно од страна на државата, а и воопшто никаде не сме ни аплицирале, можеби понатаму.

Сите детални информации за понудите на Лабранда Травел можете да ги најдете на Facebook страните Туристичка агенција Лабранда и Labranda Travel.

Туристичка агенција ЛАБРАНДА

info@labranda.mk

+389 72 320 560

Понеделник – Петок, 11-18 часот

Cабота, 11-16 часот

ТЦ Бисер, Аеродром, Скопје


Ви благодариме за разговорот.

Најчитано