Индексот на трошоците на животот во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023 година, бележи зголемување од 3,5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 %.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, изнесува – 0,7 %.
Намалувањето на инфлацијата во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 2,2 %, Ресторани и хотели за 1,5 %, Рекреација и култура за 0,9 %.
Во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,4 %, Облека и обувки за 1,4 %, Транспорт за 0,7 %, Здравје за 0,3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0,2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и комуникации за 0,1 %.
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во октомври 2024 година во однос на септември 2024 година изнесува 99,9.
Извор МИА





