Бруто домашниот производ на Србија во 2023 година прикажан по тековните цени изнесува 8.817.763 милиони динари и во однос на 2022 година номинално е повисок за 18,2 отсто или реално за 3,8 отсто, објави Републичкиот завод за статистика на Србија.
Српскиот завод за статистика спроведе редовна петгодишна голема или бенчмарк ревизија за пресметување на БДП, согласно со програмата на Евростат. Ревидираните податоци за земјите членки на ЕУ се публикувани за периодот 1995-2022 година.
Претходната голема ревизија за пресметка на БДП во Србија е спроведена во 2018 и 2019 година, што е редовна постапка за сите членки на ЕУ поради усвојување на новите методи и подобрување на изворите на статистичките податоци, пренесува РТВ.
фото freepic





