ВО ХРВАТСКА 70 ОТСТО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ПРИМААТ ПЛАТА ПОД ПРОСЕКОТ ОД 1.315 ЕВРА, десет отсто од најдобро платените лица примаат над 2.000 евра

Просечната месечна нето плата во јули во Хрватска се задржа на 1.315 евра, како и во претходниот месец, но медијалната плата се зголеми за 24 евра и изнесува 1.130 евра. Меѓутоа, половина од вработените во јавните служби, односно 745 илјади лица, заработувале помалку од 1.130 евра.

Под државниот просек од 1.315 евра се околу 70 отсто од сите вработени во државата. Околу 150 илјади вработени во десетина најдобро платени фирми и јавни претпријатија, имаат просечно нето плата поголема од 2.027 евра или над 2.900 евра бруто.

Најдобро платени работници се во Загреб околу 43.000, кои заработуваат повеќе од 2.410 евра нето и повеќе од 3.500 евра бруто, пишува „Пословни дневник“.

Во хрватската елита со високи плати се претставниците на повисоките менаџерски слоеви, информатичарите и некои вработени во јавниот сектор. Најголемиот дел од работниците се во најниската група со месечни приходи од минималецот до просечната плата во Хрватска. Околу 20 отсто заработуваат меѓу 1.315 и 2.027 евра, а десет најдобро платените граѓани имаат плати над 2.028 евра.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано