Гацов: Неизвесностите од 2022 година ќе бидат пренесени во 2023 година

Неизвесностите од 2022 година ќе бидат пренесени во 2023 година. Ова се однесува како на економските предизвици: инфлацијата, енергијата, храната и недостатокот на квалитетни работници, така и на политичките непознаници. Во услови на непознати варијабли, бизнисот обично чека разрешница и не се впушта во ризици. Таква ќе биде и 2023 година, година на одржување на позициите преку штедење и користење на внатрешни ресурси. Можноста за некаков позитивен пробив на меѓународен, регионален, а поради изборната 2024 година и на домашен план се изгледно слаби, такви се и прогнозите за македонската економија за нареднава година. Трендот на висока инфлација и раст на каматите ќе продолжи и во 2023 година, што дополнително ќе влијае на економската контракција. Оптимистите би рекле дека сепак се движиме напред, само побавно од другите.

Повеќе од истиот автор

Најчитано