Генералниот секретар на Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК Хаитам ал Гаис ја негираше прогнозата на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) дека врвот на глобалната потрошувачка за нафта ќе достигне до 2030 година.
– Во прашање е опасен коментар, кој е неповолен за самите потрошувачи, и ќе предизвика до нестабилност на цените на енергентите во потенцијално невидени размери, напиша генералниот секретар на ОПЕК, во неговата колумна за агенцијата „Енерџи аспекстс“.
Нафтата ќе игра клучна улога во животите на луѓето во годините и децениите кои доаѓаат, а максималното ниво на потрошувачка на нафтата не е на повидок, појаснува Хаитам ал Гаис.
– ОПЕК го поздравува целиот напредок кој е постигнат со обновливите извори на енергија и со електричните возила, но тоа не е доволно блиску за да направи замена за 80 отсто од миксот на енергетските потреби, посочи Хаитам ал Гаис.
Меѓународната агенција за енергија неделава ја објави прогнозата за глобалното производство на нафта до 2030 година, до кога би ја надминал и глобалната потрошувачка, а со тоа би се создал и вишок на капацитети, што беше случај и за време на пандемијата, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic






