Германија со повластен третман за работна виза за граѓаните од Западен Балкан

Од 1 јуни 2024 година граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија ќе имаат повластен пристап на германскиот пазар на работна сила. Германија одлучи да ги зголеми бројот на визите на 50.000 годишно за работниците од земјите од Западен Балкан.

По усвојување на новиот Закон за имиграција за квалификувани работници, Германија ги укина ограничувањата за вработувањње кои важеа до крајот на 2023 година. Поради зголемениот интерес, германските амбасади во земјите од регионот ќе воспостават систем на месечна лотарија која по слободен избор ќе ги избира лицата за закажуваље на термин за поднесување на барањата за виза.

Од седми мај 2024 година и во следните седум дена можат да се регистрираат сите државјани од земјите во Западен Балкан, а постапката за поднесувањето на барањата не мора да се прави со посредници или преку агенции. Кандидатите кои ќе бидат извлечени ќе бидат информирани и потоа ќе можат да поминат низ процесот за издавање на виза.

Во Германија до крајот на 2023 биле вработени 76.000 работници од Западен Балкан. Ова е зголемување од 22 отсто во споредба соп 2022 година, објави „Капита. ба“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано