Германските компании во изминатите 18 месеци ги намалиле планираните вложувања во просек за 8,4 отсто поради повисоките камати, покажале резултатите од анкетата на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
– Фирмите реагираат на повисоките каматни стапки и помалку вложуваат во енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија, како и во истражување и развој, изјави Мануел Менкхоф, истражувач во ИФО.
Намалувањето на инвестициите не е рамномерно распоредено по сектори. Во германскиот градежен сектор вложувањата се намалени во просек за 10 отсто, во трговијата за 9,3 отсто, во производството за 8,2 отсто и во секторот за услуги намалувањето е 7,4 отсто.
Намалувањето на инвестициите влијаат и на можноста за раст и на проектите за климатска политика, се наведува во заклучокот на извештајот на ИФО, пренесува Независне новине.
фото freepic





