Во гејминг индустријата во Србија работат повеќе од 4.300 професионалци, а до крајот на годината ќе бидат отворени најмалку 470 нови работни места, прогнозираат од Српската гејминг асоцијација (СГА).
Во оваа дејност се ангажирани високо квалификувани кадри кои се специјализирани за арт и креативни работи, проект менаџери и програмери
Светлана Микиќ, од „Плејстудио“ белградска фирма за развој на мобилни игри, предвидува дека годинава Србија ќе оствари рекорден број на професионалци кои се вработени во гејмиг индустријата.
– Има потреба за зголемување на бројот на работници и на глобалната герјминг сцена. Србија се позиционира како перспективен гејминг пазар, поради професионалниот кадар во нашата земја, вели Микиќ, објави „Еуроњуз“.
фото freepic






