Глобалната економија најверојатно ќе ја избегне рецесијата наспроти забавување на растот предизвикан со воведување на царините од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави Кристалина Георгиева, директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
– Трговските бариери имаат своја цена, изјави Георгиева пред новинарите во Вашингтон, додавајќи дека ММФ сега очекува значајно намалување на прогнозите на растот, но не и рецесија.
ММФ во својот претстоен извештај за светската економија, кој ќе биде објавен во вторник, ќе ја ревидира својата претходна прогноза за глобалниот раст од 3,3 отсто за 2025 и 2026 година.
Георгиева ги повика сите земји да ги „средат своите економии“, меѓудругото и со постепено прилагодување на своите фискални политики заради намалување на нивото на долгот и одржување на „веродостојна“ монетарна политика со силна посветеност на независните централни банки, пренесува Вијести.ба.
фото freepic





