Цените на угостителските услуги во јуни 2025 година се зголемени за 0,2 % во однос на претходниот месец. Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година
e 100.2.
Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2025 година во однос на истиот месец од претходната година е 104.6.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – јуни 2025 година во однос на истиот период од минатата година е 105.4.
Во периодот јуни 2025/јуни 2024 храната во угостителските објекти во земјава поскапела за 7,7 отсто, алкохолните пијалоци за 6,7 , соковите за 5,1 отсто. Ноќевањата во истиот период поевтиниле за 6,6 отсто.






