ГОДИШНАТА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА ПАДНА ПОД ДВА ОТСТО, највисока стапка на инфлација оствари Романија

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јануари 2026 година изнесуваше 1,7 проценти, што е пад во споредба со два проценти во декември, додека годината пред тоа изнесуваше 2,5 проценти, објави Евростат.

На ниво на Европската Унија, годишната инфлација во јануари изнесуваше два, во споредба со 2,3 проценти во декември, додека во јануари 2025 година изнесуваше 2,8 проценти.

Во споредба со декември 2025 година, годишната инфлација се намали во 23 земји-членки, остана стабилна во една, додека се зголеми во три земји.

Најниски годишни стапки на инфлација се забележани во Франција (0,4 проценти), Данска (0,6 проценти) и во Финска и Италија (по 1,0 проценти).

Највисоки годишни стапки се забележани во Романија (8,5 проценти), Словачка (4,3 проценти) и Естонија (3,8 проценти).

Според податоците на Евростат, услугите имаа најголем придонес кон годишната инфлација во еврозоната во јануари, со раст од 1,45 процентни поени, по што следуваат храната, алкохолот и тутунот (+0,51 п.п.), неенергетските индустриски производи (+0,09 п.п.), додека енергијата имаше негативен придонес од 0,39 процентни поени, преенсува Бизнис.ба.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано