Граѓаните во Лисабон се жалат на дигиталните номади поради поскапување на становите

Под притисок на жителите на Португалија државните власти на оваа земја ги укинуваат бенефициите за дигиталните номади кои им беа дадени заради нивно доселување. Секоја година, повеќе илјади дигитални номади се населуваат во главниот град Лисабон, поради пријатното време во текот на целата година, ниските цени за изнајмување на станови, релативно младото население во градот и добрата општествена сцена. Меѓутоа, домашното население е незадоволно и смета дека странците им ја подигаат цената за изнајмување станови и други недвижности, пишува „Еуроњуз“.

Според статистичките податоци, цената на становите од 2018 година во Лисабон се зголемиле за двапати, а домашното население за тоа ги обвинуваат дигиталните номади. Дополнителен притисок за ограничување на престојот на странците во Лисабон претставува и високите разлики во платите меѓу дигиталните номади кои заработуваат од 3.200 евра месечно, што е услов за добивање на виза за престој во Португалија. Повеќето Португалци работат за околу 1.000 евра месечно.

Португалските власти беа принудени да ги укинат даночните привилегии за дигиталните номади, кој им овозможуваше да плаќаат 20 отсто на данокот на приходи без разлика на висината на платата. За сите други граѓани во Португалија и за странските работници се применува прогресивна даночна стапка во зависност од висината на платата.

Одлуката на Владата на Португалија наиде на критики кај работодавачите кои ги ангажираат дигиталните номади во Португалија. Тие предупредуваат дека дигиталните номади масовно ќе ја напуштат земјата во други попривлечни дестинации за работа во Европа. Како сериозна конкуренција на Лисабон се споменуваат Будимпешта и Талин, кои нудат пониски трошоци за живот, но и поради привилегиите што им се одобруваат од локалните власти, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано