Груевски: Битола постојано се менува и добива нови ,,содржини“

Битола постојано се менува и добива нови ,,содржини“. Некој тоа го признава, а некој не. Темпото со кое се менува може да биде побрзо. Постојат објективни и субјективни причини. Најмногу „болат“ субјективните, кога поради незнаење или страв не се завршуваат работите. Близината со ЕУ, Пелистер, Пелагонија, културно-историските традиции и споменици, близината на Преспа и на Охрид, интелектуалниот и спортскиот потенцијал, се работи кои поттикнуваат раст. Ограничувања се патната поврзаност со остатокот на државата, законски решенија како што е законот за старото градско јадро, иселувањето на младите, нерамномерниот развој на одредени делови од државата и односот на администрацијата кон проблемите и нејзината незаинтересираност за нивно решавање. Законски измени и доаѓање на тим од 7 до 10 луѓе во администрацијата на позиции и заминување заедно со градоначалникот ќе ја подобри ситуацијата. Предизвик е вклучување на млади луѓе во решавањето на проблемите и со идеи за побрз напредок, желни за работа, полни со енергија и ентузијазам да ги спроведуваат проектите, ама и да ги осмислуваат и да ги реализираат. Енергија, образованост, знаење и фантазија се клучните работи за следење на светските текови.

Повеќе од истиот автор

Најчитано