ГРЦИЈА ЗАБРАНУВА КРАТКОРОЧНО ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ПОДРУМИ И МАГАЦИНИ ЗА ТУРИСТИ

Пред пратениците во грчкиот парламент се најде законот со кој се заоструваат правилата за краткорочно изнајмување на станови за туристите, во кој се вклучени и забраната за користење на преуредени магацински простори и подруми без прозори.

Реновираните магацини, подземните простори и некогашните индустриски објекти ќе бидат отстранети од платформите за изнајмување, пренесува АП.

Подрумите повеќе нема да бидат дозволени за користење за туристи. Просториите за изнајмување мораат да служат како примарни простори за живеење, со природно светло, вентилација и климатизација, изјави министерката за туризам Олга Кефалојани.

Во Атина пред една година е воведена забраната за нови регистрации за краткорочно изнајмување во популарните населби, а за непочитување на оваа мерка се одредува казна од 20.000 евра, пренесува „Нова.рс“.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано