Приходите од туризмот во Грција во 2024 можат да пораснат на 22 милијарди евра, а минатата година тие изнесуваа 20,6 милијарди, соопшти неделава грчката министерка за туризам Олга Кефалојани, која за следната година најави и воведување на повисоки такси за секој патник како дел од политиката за „отпорност на климатската криза“. Како што беше најавено, најголема измена се најавува со пропишувањето на туристичка такса од 20 евра за патниците кои крстарат со бродови, а за сместување во хотелите и апартманите таксата за престој би се зголемила и до 15 евра дневно.
Новата политика нема да се однесува за цела година и за целата територија и примената на новите такси за туристички престој ќе зависат од сезоната.Таксата за отпорност на климатските промени (поранешната такса за престој) ќе се зголемува за месеците од април до октомври за 0,5 евра за апартманите и хотелите со една или две ѕвезди, односно на две евра.
За хотелите од три ѕвезди таксата се зголемува од три до пет евра, и за три евра во хотелите со 4 ѕвезди и ќе изнесува 10 евра. Во хотелите од пет ѕвезди таксата се зголемува за пет евра и ќе изнесува вкупно 15 евра.
Таксата во периодот од ноември до март останува непроменета, освен кај краткорочните изнајмувања на становите и таа ќе се зголеми за две евра.
Периодот во кој се применува ниска такса, од ноември до февруари се продолжува за еден месец и сега се проширува и во март.
Дел од овие приходи ќе бидат наменети за покривање на трошоците за превентива и обнова од природни катастрофи, како и за подобрување на туристичката инфраструктура, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic





