Финансиска поддршка за манастирите на Света Гора во висина од 100 милиони евра до 2030 година, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата посета на Света Гора и објасни дека средствата ќе бидат наменети за одржување на манастирите, нивната реставрација по неодамнешниот земјотрес, како и зачувување на природата и олеснување на илјадниците поклоници, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис нагласи дека неговата посета ја изразува владината практична поддршка, а се осврна и на други теми за кои ќе разговараат како што се безбедноста во поширокиот регион, но и за електричното поврзување.
– Сакам да знаете дека Владата ќе биде покрај вас, како што ќе биде покрај сите Христијани од поширокиот регион на Блискиот Исток, порача Мицотакис, пренесува МИА.






