Даскаловски: Во овој момент, Општина Струмица има 0 (нула) обврски

Како претседател на Советот на Општина Струмица во повеќе мандати можам дека кажам дека почнувајќи од периодот кога градоначалник беше Зоран Заев, па сè до овој период кога градоначалник е Коста Јаневски, Општина Струмица е водечка општина не само во Југоисточниот Регион туку и во цела Реублика Северна Македонија, а тоа ќе го образложам во неколку зборови. Прво, Општина Струмица една од водечките општини во реализацијата како на општински проекти, така и на заеднички проекти со голем број на амбасади при што би сакал да ја истакнам соработката со Амбасадата на Швајцарија, со УНДП (Програмата за развој на Обединетите нации), со Светската банка и многу други. Општина Струмица, исто така, е една од најтранспарентните општини каде што самите граѓани одлучуваат за распределбата на буџетот преку форум на заедници и собири на граѓани и имаат увид во работата на градоначалникот и на Советот. Дали Општина Струмица работи домаќински може лесно да се види од обврските спрема другите институции и приватните компании. Во овој момент, Општина Струмица има 0 (нула) обврски, а знаеме дека голем број на општини имаат големи долгови. Можам да набројувам уште многу други позитивни работи за работењето на Општина Струмица, меѓутоа секогаш може уште подобро. Иако во моментов се реализираат голем број на проекти, можам слободно да ветам дека и во наредниов период ќе продолжиме со уште повеќе енергија и посветеност за поубава Струмица.

Повеќе од истиот автор

Најчитано