ДЗС: Во 2023 година, звањето доктор на науки го стекнале 174 лица

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, звањето доктор на науки го стекнале 174 лица, што претставува намалување за 11.7 % во споредба со 2022 година.
Најголем број од лицата, 22.4 %, докторирале во областите бизнис, администрација и право, потоа 20.7 % во здравство и социјална заштита, следат општествените науки, новинарството и информирањето со 13.8 %, уметноста и хуманистичките науки со 12.1 %, а останатите области се со помал процент на застапеност.
91 жена одбранила докторска дисертација во текот на 2023 година, што претставува 52.3 % од вкупниот број лица што докторирале во истата година.
Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 21.2 %, ја вршат својата професија во образованието.


фото freepic

Повеќе од истиот автор

Најчитано