Димитриеска-Кочоска: Ребаланс на буџетот ќе има летниот период

Ребаланс на буџетот ќе има и очекувано е тоа дека ќе се случи, но очекувам да биде во летниот период. Сега ќе имаме мини прераспределба, откако ќе заврши јавниот повик за општините, а прераспределбата што ја планираме е бидејќи не можевме однапред да ги предвидиме парите во кое Министерство да се доделат, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во разговор со дописничката на МИА од Атина.

Министерката деновиве учествува на десеттиот Делфи економски форум во Грција, каде што една од главните економски теми се царините од САД и вчерашната нова одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, а Димитриеска-Кочоска во видео интервју за МИА детално говори за целата глобално-економска состојба, што тоа значи за Европа, дали и како ќе влијае на земјава, но и дали ќе има последици за обичните граѓани.

Коментира дека „непредвидливост“ е зборот што во Делфи е најзастапен за карактеризирање на целата ситуација, но потенцира дека царините од САД што, се однесува на нашата земја, не мора да предизвикуваат паника, ниту да се толкуваат негативно.

Повеќе од истиот автор

Најчитано